Арсенал на лето ќе се засилува на голманската позиција од Шпанија?


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Арсенал е заинтересиран да го донесе голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

    На Арсенал му е потребна замена за Петр Чех, кој ќе наполни 35 години пред оваа сезона да заврши.

    Облак има само 23 години, а досега во Атлетико покажа дека е голман за сериозни тимови и големи остварувања. Топчиите ќе се обидат да го донесат поранешниот голман на Бенфика на лето.

    Goal.com тврди дека Венгер е воодушевен од него, но дека не му се допаѓа клаузулaта за обештетување на неговиот договор, која изнесува 85 милиони фунти.