Одличните натпревари ќе го задржат Виктор Моузес на Стемфорд Бриџ

    Управата на Челси одлучила да му предложи нов договор на Виктор Моузес, кој игра одлично од почетокот на сезоната, соопштува „Sky Sports“.

    Нигерискиот фудбалер е како прероден кај новиот менаџер Антонио Конте. Тој го постигна победоносниот подогок во дербито на Лондон против Тотенхем (2:1) на „Стемфорд Бриџ“.

    Во последните три години Моузес беше на позајмица во три различни клуба – Ливерпул, Стоук, Вест Хем.

    25-годишниот фудбалер има договор со Челси до летото 2019. година, а сега се очекува новиот договор да го задржи на „Стемфорд Бриџ“ до 2021. година.