Ливерпул – Стигна понуда за дефанзивецот, Клоп го сака и фудбалерот на Фиорентина


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Мамаду Сако е се поблиску до заминување од Ливерпул, денес стигна една понуда ако му веруваме на англиските медиуми.

    Според информациите на Мирор, денес стигна понуда во Ливерпул за дефанзивецот Мамаду Сако кој не е посакуван од тренерот Клоп.

    За него интерес покажаа Интер, Милан и ВБА, а понудата која стигна беше од Бирмингем.

    Тие го сакаат на позајмица во крајот на сезоната.

    Сега Ливерпул е на потег, па ќе видиме како ќе реагира.

    Покрај тоа, денес се пишуваше дека Клоп е заинтересиран во своите редови да го доведе фудбалерот на Фиорентина, Кум Бабакар.