Салах дефинитивно го пропушта дербито!


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во недела од 15 часот на програмата е дербито на Рим!

    Веруваме дека ќе биде доста интересно со оглед на тоа какви игри имаат и двете екипи оваа сезона и плус тоа што на табелата само еден бод ги дели.

    Утрово известивме дека Салах е под знак прашалник за дербито, а сега веќе ни стигна и официјална информација од Италија дека фудбалерот од Египет ќе го пропушти дербито поради повреда на тренингот.

    Поточно Вермален го повреди него, а се изгласија и од Рома со официјално соопштение:

    „На денешниот тренинг е утврдено оштетување на лигаментите на десното колено, утре Салах ќе има нови тестови кои ќе одредат колку време ќе паузира“