Лападула е херојот на Милан – Росонерите со многу мака го совладаа Кротоне


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан славеа со 2:1 на Сан Сиро против Кротоне во натпревар од петнаесетото коло од Серија А.

Нианг прв се закани посериозно по голот на Кротоне, но беше непрецизен. Фалчинели во 26-та минута погоди за водство на Кротоне. Водството на гостите траеше до пред четири минути пред крајот на првото полувреме кога Пашалиќ го израмни резултатот. Крисетиг во второто полувреме направи прекршок во казнениот простор, а судијата тоа го казни со покажување на белата точка. Нианг ја намести топката, шутираше, но Кордаз му одбрани. Четири минути пред крајот на натпреварот Лападула ја затресе мрежата на Кордаз по втор на денешниот натпревар за победа на росонерите, 2:1.

 

Милан во следното коло гостува на Олимпико против Рома, а Кротоне на домашен терен ќе ја пречека Пескара.