Mилан - Сепак не доаѓа Дон Фабио, туку неговиот ученик!

Новинарот на “Скај Италија”, Џанлука Ди Марцио има информации за тоа кој ќе биде нов тренер на “Росонерите”.

Утрово во Италија силно одекна веста дека Кристиијан Броки поднел оставка и дека на кормилото на Милан ќе пристигне Фабио Капело.

Сепак, тоа беше само новинарска шпекулација, а изборот на Берлускони паднал на актуелниот тренер на Сампдорија Виченцо Монтела.

Поранешниот италијански репрезентативец кој Капело своеврмено го тренираше во Рома на почетокот на овој век, според споменатиот извор тој е прв фаворит за клупата на италијанскиот гигант.

Монтела тренерската кариера ја започна во младинските категории на Рома, а пред Сампдорија работеше во Фиорентина и Катанија.