Кралот на Африка – Ријад Марез


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште една голема награда за алжирскиот фудбалер.

Африка нема подобар од Ријад Марез. Човекот кој што заедно со Џејми Варди беше најзаслужен за титулата на Лестер во ПЛ.

Фудбалерот на Лестер победи во жестока конкуренција пред Обамејанг, Аје, Мане и Туре.

„Многу ми значи оваа награда. Многу сум среќен и горд. Му благодарам на сите кои гласаа за мене. Оваа награда му ја посветувам на фамилијата и навивачите на Алжир. Мораме да продолжиме вака и ќе видиме до каде ќе стигнам“, изјави Марез.

Алжирецот на фантастичен начин ја заокружи 2016-та година.

Минатата сезона Марез во дресот на Лестер постигна 17 погодоци и забележа 11 асистенции.