Фудбалерот на Милан доби дупло подобра понуда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер на Милан сега е на потег.

Сусо е едно од откријата на сезоната во Серија А и еден од најзаслужните за добрите резултати на росонерите. За неговите добри игри се слушна и надвор од Милано, па од Шпанија стигнаа вести дека Атлетико е заинтересиран за Сусо.

Милан после ова реши да го блиндира со нов договор.

Сусо стигна пред една година, но дури сега го покажа својот потенцијал кај Монтела. Дури можеше да се слушне и прочита дека е еден од милениците на Берлускони што е реткост за странските фудбалери во последните години.

Галијани поради тоа сака Сусо да го награди со нов договор и дупло подобра плата. Според актуелниот договор, Сусо во Милан има заработка од 1 милион евра. Милан доби зелено светло од идните кинески сопственици на шпанецот да му биде понуден нов договор по кој ќе заработува 2 милиони евра.