Претседателот на Валенсија: „Навивачи, извинете“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Претседателот на Валенсија Лајхун Чан денеска се извини на навивачите на тој фудбалски клуб поради лошите резултати во 2016 година.

Чан, кој е претседава со клубот за сингапурскиот сопственик Питер Лим, рече дека 2016 година беше тешка и ги замоли навивачите да им простат за лошата сезона.

Валенсија запиша само три победи во досегашните 15 натпревари во шпанската примера и моментално го зазема 17 место со 12 бода колку што има и Спортинг од Хихон кој се наоѓа во зоната за испаѓање.

Откако Лим е сопственик на клубот, доста се вложуваше но клубот постигнуваше лоши резултати.

Валенсија од доаѓањето на Лим ги отпушти тренерите Нуно Испирито Санто, Гери Невил и Пако Ајестеран, а под сегашниот шеф на стручниот штаб Чезаре Прандели не бележат добри резултати.

Некогашниот селектор на Италија, Прандели, екипата во октомври ја презеде од Ајестеран. Тој на своето деби оствари победа од 2:1 против Спортинг, но Валенсија од тогаш не знае за победа – запиша четири порази и три реми.

Последниот пораз Валесија го претрпе од Реал Сосиедад, а неколку навивачи на тој клуб искажаа незадоволство со шутирајќи и удирајќи го автобусот со фудбалерите по доаѓањето во тренинг центарот.

„Ќе продолжиме да работиме и да бараме решенија. Во овој посебен дел од годината сакам на сите да испратам порака за надеж, истрајност и самодоверба за иднина“, рече Чан за клупскиот сајт пред Новогодишната елка.

Валенсија последен парт титула шампион на Шпанија ја освои во 2004 година, а од тогаш на врвот се менуваа Реал Мадрид, Барселона и Атлетико.

Многу навивачи на Валенсија се надеваа дека по доаѓањето  на новиот сопственик ќе застанат на нога и повторно ќе почнат да бележат добри резултати, но после само една добра сезона се распродадени речиси сите носители на играта.