Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми денес ја објавија листата на најпродавани дресови во 2016-та година.
Интересно е дека на првото место не е Златан Ибрахимовиќ иако сите беа сигурни дека напаѓачот на Јунајтед ќе биде пред сите. Сепак, прв е неговиот соиграч Пол Погба кој ова лето стигна од Јувентус за 105 милиони евра.
Ибрахимовиќ е на второто место, а зад него се наоѓаат двајца фудбалери на Арсенал, Алексис Санчез и Месут Озил. Пети е Филипе Кутињо, а шести е голманот на Јунајтед, Давид Де Геа.
На седмата позиција е фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, а осми е Димитри Паје кој на големо изненадување е пред Еден Азар кој е девети. Листата на најпродавани дресови ја затвора Маркус Рашфорд.