Швеѓанецот доби број во Манчестер Јунајтед

Шведскиот дефанзивец, Виктор Линделоф во јануари ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Линделоф на Олд Трафорд ќе пристигне од португалскиот гигант Бенфика за 45 милиони евра, а договорот треба да биде потпишан на почетокот на јануари.

Црвените ѓаволи спремија и дрес за 22-годишниот фудбалер. Тој на театарот на соништата ќе настапува со бројот 2 бидејќи неговиот омилен број 14 е зафатен.

Со години наназад овој дрес на Јунајтед го носеше Гери Невил, а три сезони овој број беше на грбот на бразилецот Рафаел.