Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот напаѓач Мичу Батшуаји никако да добие шанса во екипата на Челси, кој ја засили во летниот преоден рок.
Батшуаји на Стенфорд Бриџ стигна од Марсеј за повеќе од 30 милиони фунти, но минути добива многу слабо.
И покрај тоа, менаџерот на Челси Антонио Конте истакна дека неговата продажба во јануари не доаѓа во предвид, баш како ни испраќањето на позајмица.
„Мораме да продолжиме да работиме со него и ќе му помогнеме да стане подобар. Тој е нов играч во нашата екипа и неговото заминување на позајумица ќе претставува мој пораз. Ќе биде тоа и пораз за Челси“, рече Конте, и додаде:
„Мене на секој натпревар на ум ми се само три бода. Пробувам да донесам исправни одлуки за екипата, а сигурен сум дека Батшуаји во иднина ќе добива повеќе шанса за игра“.
И покрај суспензијата на Диего Коста, Мичу Батшуаји вчера доби шанса за игра дури неколку секунди при крајот на натпреварот, а Челси мечот против Борнемут го одигра без класичен напаѓач.