Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шампионот на Франција ги приведува на крај реализирацијата на два трансфери, пишува влијателниот француски веснил Л`Екип.
Унаи Емери вчера е претставен како нов тренер на Пари Сен Жермен, а наскоро треба да биде завршена и работата околу потполнување на играчкиот кадар со двајца фудбалери кои моментално со своите репрезентации се наоѓаат на ЕП во Франција.
Прв е Гжегож Криховјан, полскиот играч за врска кој со Емери соработуваше во Севиља и кој е најголема желба на шпанскиот тренер на новата работа.
Овој 26-годишен позади себе има доста искуство во францускиот фудбал бидејќи уште како тренер е доведен од татковината во Бордо, а освен за Жиродинците настапуваше за Ремс и Нант. Вистина, тој има важечки договор со Андалужаните кој истекува во 2018 година, има ставка со откупна клаузула од 50 милиони евра, но според сознанијата од споменатиот извор управата на клубот од Писхуан е спремна да го пушти Полјакот и за 30 милиони.
Втор е десниот бек на белгискиот шампион Бриж и репрезентативец на Белгија, Томас Мение.
Тој е виден како идеална замена за Грегори ван дер Вил, на кого му истече договорот со францускиот шампион и е во потрага за нов клуб. Неговата цена на пазарот е околу 7 милиони евра.