Новогодишната одлука на Мурињо, двајца за 170 милиони


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Дури доаѓањето на швеѓанецот виси на конец, португалецот знае кои двајца фудбалери ќе го засилат неговиот шампионски Јунајтед.

Прво се зборуваше дека Виктор Линделоф е готов, дека швеѓанецот е првото засилување за јануари, па потоа Мурињо се откажа бидејќи Рохо и Џонс играат одлично.

Сепак, Бенфика и понатаму се надева дека Јунајтед ќе плати 45 милиони евра за Линделоф.

Линделоф ќе биде само замена за Бејли кој замина на афричкиот куп на нации.

Се работи за Антоан Гризман кој на лето треба да го преземе местото од Вејн Руни, клаузулата е 100 милиони евра, а ѓаволите се надеваат дека Атлетико ќе ја спушти цената.

Еве и зошто.

Манчестер Јунајтед во пакет би ги купил Гризман и Саул Нигез, тие двајца според некои информации би чинеле 170 милиони евра и Мурињо е спремен да плати за двајцата фудбалери на Атлетико и така да ја заврши најголемата работа за следното лето.