Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Жозе Мурињо има јасен план, ако успее да ги доведе овие петмина, Манчестер Јунајтед ќе биде прв кандидат за титулата во Премиер лигата.
Во прашање е офанзивната “кичма” на тимот, имено Португалецот ќе се обиде да игра со тројца напаѓачи, според неговите замисли тоа би биле Ибрахимовиќ, Марсијал и Микхтаријан.
Швеѓанецот е блиску до одлука, тоа го потврди и Мино Раиола, не спомена клуба, но се знае дека во прашање е Јунајтед. Со Микхтаријан договор постои и се очекува и Ерменцот да ги засили “Ѓаволите”.
Но, далеку од тоа дека тоа е се.
Наредната недела би требало да започнат преговори со Пол Погба.
Јунајтед остана единствен, Реал не може да ги исполни барањата на самиот играч, па доколку Мурињо плати 120 милиони евра колку што бара Јувентус, Французинот би можел да се врати во Јунајтед.
Планот е Погба и Руни да игра во средината на теренот, тие двајца би ја креирале играта, а се очекува пристигнување и на еден фудбалер од средината со дефанзивни карактеристики.
Да потсетиме, веќе пристигна Баи од Виљареал за последната линија, сепак би можел да пристигне и уште еден централен дефанзивец. Се шпекулира дека Мурињо бара и алнтернатива за десната бековска позиција, па јасно е дека тимот ќе биде целосно променет.
Но, со Ибра, Погба и Микхтаријан, секако дека Јунајтед ќе биде еден од главните кандидати за титулата во новата сезона.