Јуве постави рекорд во Серија А!

Со победата над Болоња, фудбалерите на Јувентус поставија нови стандарди во италијанскиот фудбал.

„Бјанконерите“ рутински славеа на својот стадион против Болоња во 19 коло од Серија А и така го запиша 15 триумф во оваа сезона во елитното италијанско натпреварување.

Бранителите на титулата итаат кон ново Скудето, до нова победа ги водеше Игуаин, а повеќе за дуелот ТУКА.

Оваа победа, е воедно и 26 врзана победа на Јувентус на домашен терен, што и официјално е нов рекорд во Серија А.

Соборувањето на овој рекорд, само е уште една потврда дека Старата дама моментално е убедливо најдобар тим на “Чизмата“.