Турчинот се договори со кинезите – 20 милиони евра плата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Останува Шангај Шехнуа и Барселона да најдат заеднички јазик околу оштетата.

Продолжува кинеската офанзива на европскиот фудбал. Според Фанатик, фудбалерот на Барселона, Арда Туран постигна договор со раководството на Шангај Шехнуа, но сега останува двата клуба да најдат заеднички јазик за оштетата.

Фанатик соопшти дека Туран се согласил на 3-годишен договор кој ќе му донесе заработка од 20 милиони евра по сезона.

Оваа сезона Туран има одиграно 21 натпревар за Барселона и постигнато 11 погодоци. Сепак, ова не е прв пат турскиот фудбалер да се доведува во врска со кинеските клубови.

Минатото лето за Туран беа заинтересирани Пекинг Гуан и Гванжу Евергранд, но не се случи трансфер.

Барселона го доведе Туран во 2015-та година од Атлетико Мадрид за 33 милиони евра.