Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Жозе Мурињо пред неколку недели најави дека неколку играчи ќе го напуштат Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок, а мразот го проби Морган Шнајдерлин.
Шнајдерлин својата кариера се одлучи да ја продолжи во Евертон, но јасно е дека нема да биде единствен играч кој ќе го напушти Олд Трафорд во јануари.
На листата на пречкртани фудбалери се наоѓаат уште Мемфис Депај и Ешли Јанг.
Англиските медиуми пренесоа денеска дека на адреса на Црвените ѓаволи стигна понуда од Кина, а Шандонг Луненг го сака токму Ешли Јанг.
Овој 31-годишен фудбалер од доаѓањето на Мурињо натпреварите на Јунајтед поголем дел ги следи од клупа, а богатата понуда од далечната Книга тешко дека ќе ја одбие.
Наводно, кинескиот клуб е спремен за англискиот клуб да плати околу 15 милиони фунти што е подобро од очекуваното за Јунајтед.
Сепак, големо е прашањето дали Јанг ќе ја прифати понудата бидејќи порано изјавуваше дека сака да остане во Англија.
Некогашниот фудбалер на Вотфорд и Астон Вила во досегашниот дел од сезоната во дресот на Јунајтед одигра само десет натпревари во сите натпреварувања.