Симеоне повторно го испровоцира Роналдо, но овој пат брутално

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не беше расположен после вчерашната победа на неговиот тим против Бетис.

Атлетико Мадрид на домашен терен славеше минимално со 1:0, но многу потешко од што се очекуваше. После натпреварот на Висенте Калдерон, Симеоне одржа прес-конференција на која се виде дека не е задоволен од играта на својот тим.

Аргентинецот кажа дека ова беше еден од полошите натпревари во сезоната на неговиот тим, но и дека на крајот е најважно што освоија три бода. Еден од шпанските новинари го праша како може да биде задоволен покрај лошата игра, а тој доби одговор кој беше протумачен како провоцирање на Кристијано Роналдо.

„Па резултатот е најважната работа, на крајот никој не се грижи за тоа како сте играле. Ако некој се сомнева во тоа и не мисли дека е така нека оди да го гледа доделувањето на Златната топка“, изјави Симеоне.

Сега се очекува одговор од португалецот.