Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Екипата на Барселона долго се поврзуваше со трансфер на Миралем Пјаниќ.
Меѓутоа, Јувентус беше поконкретен и одличниот играч за врска на Рома најверојатно оди на пат кон Торино, па Барселона тргна во потрага пои други засилувања.
Ново име во интересот на каталонскиот гигант е фудбалерот на Валенсија Андре Гомеш.
Португалецот веќе долго време се сели од Местаља, а сигурно е дека нема да има многу дилема ако и официјална понуда од Ноу Камп дојде.
Покрај Барса, интерес за 22-годишниот играч за врска покажуваат Манчестер Јунајтед и Јувентус, но тешко дека овие два клуба ќе бидат негова наредна дестинација. Гомеш кариерата ја почна во Бенфика, а во 2014 година стана член на Барселона, каде што во минатата сезоан одигра 41 натпревари и постигна четири голови со седум асистенции.