Фени се одмазди – Дебакл на Сутјеска во Кавадарци


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кошаркарите на Фени Индустри победи во натпревар од БИБЛ против Сутјеска со 80:55.

Сутјеска одлично го започна натпреварот, 2:8. Кошаркарите на Фени имаа негатива и од 9 поени, а после првата четвртина резултатот беше 15:21. Фени во втората четвртина стигна до израмнување, 24:24. Со кошот на Чешковиќ, Фени стигна до водство, 28:26. На полувреме Фени замина со два поени предност, 30:28.

Фени се разигра во третата четвртина и во последните десет минути од натпреварот влегоа со предност од 9 поени, 52:43. Првата двоцифрена предност кошаркарите на Фени Индустри ја имаа осум минути пред крајот на натпреварот, 58:47. Во последната четвртина гостите беа декласирани и на крајот Фени заслужено победи со 80:55.

Чешковиќ со 24 поени го предводеше Фени до победа. Шарабидзе постигна 18, а двоцифрени натпреварот го завршија и Петровски со 11 поени и Џекиќ со 10 поени. Томас и Бошковиќ со по 9 поени беа најефикасни кај Сутјеска.

Шеста победа за Фени Индустри во групната фаза во БИБЛ.