Јувентус му се одмазди на Милан – Фантастичен погодок на маестро Миралем Пјаниќ (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус го победија Милан во натпревар од четвртфиналето во купот на Италија со 2:1.

После десет минути игра Пауло Дибала ја затресе мрежата на Донарума за водство на бјанконерите. Миралем Пјаниќ во 21-ва минута постигна фантастичен погодок од слободен удар за зголемување на водството на Јувентус.

Милан со погодокот на Бака намали на 2:1. Само една минута по погодокот на Бака, Локатели доби црвен картон и Милан остана со десет фудбалери на теренот.

Јувентус на крајот победи со 2:1 и се пласира во 1/2 финале.