Трансфер на зимата? Тотенхем доведува играч од 30 милиони!

Тотенхем Спарси до крајот на преодниот рок имаат во план да испратат една интересна понуда на адресата на Кристал Палас.

Наводно, Покетино е заинтересиран за Вилфред Заха.

Заха беше на мета на Спарси и ова лето, понудија 18 милиони кои експресно беа одбиени.

Минатата сезона постигна само 2 погодоци и една асистенција, па сите ги зачудуваше интересот на Покетино.

Но оваа сезона покажува дека вреди, досега 4 погодоци и 6 асистенции и покажува дека е светла точка во Кристал Палас.

Заха отиде на Африканскиот куп на нации и во Кристал Палас некако паднаа работите, но за среќа на тимот, Брегот на Слоновата Коска брзо ги пакуваше куферите, и Заха се враќа.

Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем е веќе подготвен да понуди 30 милиони евра.