Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лестер Сити ја засили одбраната на крајот од зимскиот преоден рок.
Репрезентативецот на Мали Мола Ваге стигна на Кинг Пауер како позајмен играч од Удинезе со согласност од матичниот клуб Гранада.
Ваге на Африканскиот куп нациите играше со играчот на Лестер Даниел Амартеј, а имаше шанса и порано во Каен да игра заедно со Ријад Марез и Нампали Менди.
Тој е второ засилување за Лестер после Вилфред Ндиди.
„Воодушевен сум што дојдов во Лестер, едвај чекам да заиграм. Ова е прекрасен клуб, возбуден сум што ќе ги бранам боите на англискиот шампион“, рече Ваге.
„Секогаш сакав да играм во Англија. Се радувам со предизвикот и запознавањето со новите соиграчи. Напорно ќе работам со цел да изборам свое место и да покажам на тимот дека вредам“.