Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грегори Ван Дер Вил е нов фудбалер на турски Фенербахче.
Турскиот клуб денес го договори трансферот на 28 годишниот репрезентативец на Холандија во своите редови и наскоро се ќе биде официјализирано.
Ван Дер Вил во редовите на клубот од Инстанбул доаѓа од редовите на француски ПСЖ каде што помина четири години. Покрај неколку интересни понуди тој ја избра оваа од Турција и од наредната сезона ќе го носи дресот на Фенер.
Покрај ПСЖ, Ван Дер Вил во кариерата настапуваше уште за Ајакс каде што ги помина сите младински категории.
За ПСЖ одигра 132 натпревари и постигна пет погодоци.