Трансферот на Ромеро зборува дека се откажа од борбата против Де Геа

Аргентинскиот голман Серхио Ромеро се одлучи  да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на оваа сезона, пренесуваат англиските медиуми.

Ромеро е во најдобри голмански години (има 29) и повеќе не сака да биде резерва на Давид Де Геа бидејќи е очигледно дека никогаш нема да го тргне од голот на Манчестер Јунајтед.

Ромеро во Јунајтед стигна во летото 2015 година од Сампдорија.

Во репрезентацијата на Аргентина долго вртеме е прв избор на голот, но не и на Јунајтед. Тој наводно требаше да се одлучи за враќање во Аргентина, поточно во екипата на Бока Јуниорс која е заинтересирана за неговите услуги.

Доколку тоа и се случи, ќе биде тоа негово враќање во аргентинскиот клупски фудбал и прв пат после после десет години. Тој кариерата ја почна во аргентински Расинг, а подоцна бранеше за АЗ Алкмар, Сампдорија и Монако.