Допатува во Италија: Милик избра нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик позади себе има одлично ЕП на кое привлече внимание на себе.

Овој 22-годишен привлече внимание на бројни големи клубови ширум Европа, но се чини дека веќе донесе одлука за својата иднина.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Милик е снимен на аеродромот Каподичино во Неапол и се укажува дека во наредните денови ќе потпише за Наполи.

Наполитанците, наводно, за Милик се спремни да платат 20 милиони евра, што е сума која сосема сигурно ќе ги задоволи апетитите на челниците на Ајакс.

За Аркадиуш Милик интерес покажаа уште некои италијански клубови, првенствено Интер и Рома, но Наполи беше најконкретен.