Хери Кејн од пенал го реши Мидлзбро и го остави Тотенхем во борба за титулата (ВИДЕО)


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем на домашен терен минимално го победи Мидлзбро минимално во натпревар од 24-то коло во ПЛ, 1:0.

Валдес беше одличен на почетокот на натпреварот. Алдервеирелд со глава ја погоди стативата во 26-та минута.

На полувреме се замина со почетните 0:0.

Во 58-ма минута Еспиноса направи пенал, а Хери Кејн од белата точка ги израдува навивачите на петлите. По погодокот Ериксен имаше шанса да го зголеми водството, но Валдес фантастично одбрани.

Мидлзбро преку Де Рон се закани пред крајот на натпреварот, но неговиот шут беше непрецизен, па Тотенхем се радуваше, 1:0.