Што се случува со Кристијано Роналдо?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се спремаат за 1/8 финалниот натпревар во ЛШ против Наполи.

Италијанскиот клуб во среда ќе гостува на Сантијаго Бернабе во првиот натпревар помеѓу овие два клуба во нокаут фазата. Реал е апсолутен фаворит во овој натпревар, но кралевите имаат проблем пред натпреварот.

Најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо денес не тренираше. Тој не тренирал поради ударот што го добил во натпреварот против Осасуна.

Зинедин Зидан одлучил ништо да не ризикува. Португалецот беше пратен во теретана да работи, а најверојатно ќе игра против Наполи.

Радосната вест за навивачите на Реал Мадрид е тоа што Герет Бејл им се врати на тренинзите и тој наскоро би требало да се врати на терен.