Масимо Одо повеќе не е тренер на Пескара!

Серијата на порази во Пескара ја натера управата да го отстрани Масимо Одо од улогата тренер.

Во Пескара мораат да изборат опстанок, му се заблагодарија на Одо за соработката и рекоа дека станува збор за „шок терапија„ со која мора да останат во најелитното италијанско натпреварување.

После 24 натпревари, делфините имаат само 9 бодови и се на последното место во лигата, па многу е тешко за верување дека во последните 14 натпревари тие ќе изборат опстанок во лигата.

Нов тренер сеуште нема, а додека ќе нема, екипата ќе ја води Луцијано Заури.