Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сампдорија е спремна да му даде шанса на Марио Балотели, кој во овој момент нема каде.
Ливерпул не го сака Балотели, не е во плановите на Јирген Клоп, а ниту Виченцо Монтела кој е нов тренер на Милан нема намера да го користи напаѓачот. Поради тоа Италијанецот го напушти “Сан Сиро” и се врати во Ливерпул, но е свесен дека доколку сака да игра мора да пронајде нов клуб.
“Супер марио” ќе мора да се задоволи со некоја послаба опција, а Сампдорија засега му нуди шанса да си спаси кариерата.
Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро потврди дека би било убаво да го види италијанскиот напаѓач во синиот дрес. Сампдорија веќе имаше еден контроверзен фудбалер во своите редови – Антонио Касано, па нема да им биде тешко да го прифатат “Лудиот” Марио.