Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Виљареал и Рома утре на Ел Мадригал ќе го одигра првиот меч од шеснаесет финалето на Европа лига.
Некиогашниот фудбалер на Виљареал и денешен директор на овој тим Маркос Сена порача дека Рома е многу тежок противник и порачува дека неговата екипа мора да напрафви се со цел да не прими гол во првиот меч.
„Екипата игра многу добро во последно време и навистина сме спремни да одиграме еден квалитетен меч. Рома е тежок противник, но италијанските тимови се инаку многу добри. Во минатата година Наполи имаше многу добра сезона, баш како и сега Рома. Сепак, ние сме спремни и се надеваме дека ќе одиграме два добри меча. На стадионот секогаш беше тежок за сите ривали и многу е важно за нас да не примиме гол и да пробаме барем минимално да победиме. Тогаш ќе биде растеретени пред реваншот“, рече Сена.
Утрешниот меч на Ел Мадригал почнува од 21:05 часот.