Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер Марко Верати е еден од најбараните играчи за врска во Европа.
За неговите услуги се интересираат многу клубови, а пред се италијански Јувентус, германски Баерн и екипата на Реал Мадрид.
Сепак, сопственикот на ПСЖ Насер Ел Келаифи порача дека овој фудбалер не е на продажба и дека тој ќе остане во Париз.
„Верати е очигледно не е на продажба и нема да замине од Париз“, рече Ел Келаифи за Мундо Депортиво.
Да потсетиме дека Верати во ПСЖ стигна во лето 2012 година од Пескара, а во оваа сезона одигра 18 мечеви и постигна два гола со три асистенции.