Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Фени Индустри го победија Берое во Бугарија со 66:68 во натпревар од групата Ц во БИБЛ.
Домашните започнаа со серија од 10 поени од кои 8 беа постигнати од Гибсон, 10:8. Пајиќ, Чешковиќ и Џекиќ постигнаа девет поени во низа за намалување на негативата на само еден поен, 10:9. После првата четвртина Берое имаше минимална предност, 12:11.
Магдевски погоди тројка, а Стајиќ за два за прво водство на Фени на натпреварот, 12:16. Фени преку Џекиќ, Николовски и Чешковиќ стигна до првото двоцифрено водство на натпреварот, 15:25. Кошаркарите на Берое до крајот на првото полувреме ја намалија негативата на четири поени, 25:29.
Чешковиќ и Магдевски на почетокот на третата четвртина погодија за 28:34. Џонс, Желев и Рос му донесоа водство на Берое, 40:36 четири минути пред крајот на третата четвртина. Со брзите четири поени во низа на Шарабидзе, Фени го израмни резултатот, 40:40. Гибсон на другата страна возврати со серија од четири поени, 44:40. Џонс и Гибсон погодија за 49:43. До крајот на третата четвртина Петровски постигна два поени за 49:45 пред последните десет минути од натпреварот.
Фени со шесте поени во низа на Магдевски и Николовски го израмни резултатот, 51:51. Џекиќ и Чешковиќ три минути пред крајот на натпреварот му донесоа водство на кавадарчани, 57:58. Берое со поени на Гудул и Рос го презеде водството, 66:61. После водството од пет поени на бугарскиот клуб, тренерот на Фени, Малинков побара тајм-аут. После повиканиот тајм-аут, Петровски погоди тројка, а Чешковиќ за два за израмнување на резултатот, 66:66. Победата на Фени му ја донесе Стајиќ од линијата за слободни фрлања, 66:68.
Чешковиќ го предводеше Фени со 12 поени. Петровски и Џекиќ додадоја по 11 поени. Кај Берое најефикасен беше Гибсон со 21 поен.
Фени Индустри денес ја запиша втората победа во групата Ц во БИБЛ.