„Треба да ги обвинуваат играчите на Арсенал, а не Венгер“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на Арсенал, Самир Насри, ги искоментира случувањата во лондонскиот клуб, и на изненадување на многумина застана во одбрана на Арсен Венгер.

Арсенал во оваа година повторно се наоѓа далеку од титулата шампион на Англија и навивачите на овој клуб бараат од Венгер да го напушти тренерското место.

Иако францускиот стручнак имаше многу мала поддршка во негова одбрана застана некогашен Топџија, Самир Насри.

Насри стана една од најомразените личности во Лондон после што од Арсенал премина во Манчестер Сити.

Иако во оваа сезона игра во Севиља тој призна дека внимателно ги следи случувањата во Премиер лигата.

Францускиот фудбалер изјави дека Вентер не треба да се обвинува за резултите на Арсенал, веќе фудбалерите на тој клуб.

„Не можете толку да го критикувате, тоа не е можно. Арсенал беше голем клуб, но Венгер го направи уште поголем. Тој не е крив за овие резултати, виновни се играчите кои ги играат тие натпревари. Жал ми е што се наоѓа на удар на јавноста бидејќи знам колку го сака тој клуб. Благодарение на него јас станав тоа што сум“, рече Насри.