Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Валенсија на Висенте Калдерон во натпревар од 26-то коло во Ла Лига, 3:0.
После десет минути игра на Калдерон, јорганџиите имаа водство. Антоан Гризман ги израдува домашните навивачи.
На почетокот на второто полувреме Гамеиро шутираше, топката погоди противнички фудбалер, го смена правецот, а Алвес остана немоќен. Гризман имаше шанса за втор погодок, но Алвес го запре.
Гризман во 83-та минута ги постави конечните 3:0.
После денешната победа Атлетико Мадрид ќе се искачи на четвртата позиција и ќе има шест бода помалку од третопласираната Севиља која го нема одиграно натпреварот од 26-то коло, а од Реал Сосиедад кој е пети ќе има 1 бод повеќе.