Браво за Ростов, добредојде за навивачите на Манчестер за приказна!

Ростов се покажа како исклучителен домаќин во натпреварот против Манчестер Јунајтед во рамките на осмина финалето на Лига Европа.

Манчестер Јунајтед денеска одигра само 1:1 против Ростов во првиот натпревар од осмина финалето на Лига Европа, а навивачите на гостите (на кои беше платена дури и виза од страна на Манчестер Јунајтед), имаа добар провод што им го расипа само ладното време во Ростов.

Беше поприлично ладно пред овој натпревар, а за тоа какви се домаќините во Ростов, покажаа со неверојатен гест.

На голем дел на навивачите на Манчестер Јунајтед е доделено ќебе со натпис „руско топло добредојде“.

Секоја чест за дочекот!