Фиорентина добива нов стадион


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Фиорентина го претстави проектот за изградба на нов стадион кој треба да биде завршен до 2021 година.

Проектот е вреден 420 милиони евра, а градбата на стадионот ќе почне во 2019 година и треба да трае две години.

Новиот стадион на Фиорентина ќе има 40 000 места, а навивачите од теренот ќе бидат оддалечени само седум метри. Стадионот ќе биде изграден во северозападниот дел на Фиренца, а во него ќе има и трговски центар и хотел.

„Ова е историски момент. Претставуваме важен проект за Фиренца и за цела Италија“, рече сопственикот на Фиорентина Андреа дела Вале и додаде дека клубот и понатака бара инвеститори за тој проект.

Само три италијански фудбалски клуба засега имаат стадиони во свое сопствеништво, Јувентус, Сасуоло и Удинезе, а свој стадион ќе добие и Рома.

„Многу клубови ова го пробуваат и тоа е добра работа. Ние сме еден од нив. Ова е одлична шанса за промена на италијанскиот фудбал кој многу заостанува во тој поглед“, рече Дела Вале.