Гризман со едно прашање ги разочара навивачите на Манчестер Јунајтед!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец трвди дека не сака да го напушти Атлетико Мадрид и да премине во Манчестер Јунајтед.

Антоан Гризман повторно проговори и уште еднаш потврди дека нема намера да го напушти Атлетико Мадрид и да го засили тимот на Жозе Мурињо.

Во претходните месеци, преминот на Гризман во Манчестер Јунајтед е една од главните теми во англиските медиуми, но Французинот е одлучен и во едно едноставно прашање ја „заврши“ оваа приказна.

„Поради што да го напуштам Атлетико и да преминам во Јунајтед?“, ги запраша новинерите со контрапрашање и продолжи:

„Многу сум среќен во Мадрид и нормално дека и убавото време е еден од факторите. Моите соиграчи се најдобри на светот, имаме и тренер од светска класа, па така сум многу среќен овде и не гледам ниту една причина поради што би заминал од Мадрид“, истакна Гризман.

Доколку Гризман остане на своите зборови, а Атлетико одбие 100 милиони евра колку што нуди Јунајтед, Мурињо ќе мора да се сврти на други мети.