Погба е навистина многу скржав!

Пол Погба се пресели од хотел во вила во Алтринхам кога пристигна во Манчестер, па изнајми комбе за да му ги пренесат работите.

„Чесно си ја завршивме работата. А тој нас не правеше будали“ – вели сопственикот на компанијата која ги превозуваше личните работи на Погба.

Договорот беше да бидат исплатени по завршувањето.

Се работи за сума од околу 100 фунти и кажано им е дека парите утредента ќе им бидат исплатени.

Но веќе 3 месеци нема ниту денар од Погба на сметка на фирмата, па сопственикот навистина се налути.

„Навистина срамота. Не верувам дека е во криза со пари, но мислам дека не знае кои луѓе работат со неговите финансии“

Медиумите пресметаа дека таа сума Пол Погба ја заработува за 3 минути и 47 секунди.