Суперлига – Карпош Соколи се намачи, но го победи Фени Индустри


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи на гости го победија Фени Индустри во натпревар од второто коло во Суперлигата, 78:90.

Николовски на почетокот на натпреварот постигна четири поени во низа, 4:0. Соколите преку Трајковски го израмнија резултатот, 6:6. Стајиќ погоди за три, а Пантиќ за два за водство на кавадарчани од 5 поени, 11:6. Мавра, Зековиќ и Трајковски му го донесоа првото водство на Карпош Соколи на натпреварот, 13:15. Домашните постигнаа осум поени во низа за 20:15. Пери со четири поени во низа намали на еден негатива, 20:19. После првата четвртина Фени имаше минимално водство, 22:21.

Марковски и Ѓекиќ погодија за плус три, 33:30. Гостите преку Пери и Чомагиќ стигнаа до водство од два поени, 42:44. Шепа седум секунди пред крајот на првото полувреме погоди тројка за 44:48.

Фени преку Пантиќ и Николовски го израмни резултатот, 54:54. Лабовиќ постигна пет поени во низа за водство на соколите од три поени, 59:62. Шарадбизе му донесе водство на Фени, 63:62. Со двете погодени слободни фрлања на Мавра и двојката на Пери, Карпош Соколи во последните десет минути од натпреварот влезе со плус три, 65:68.

Шепа и Зековиќ зголемија на плус четири, 68:72. Зековиќ погоди две тројки, а Шепа за два за двоцифрено водство на соколите, 70:80. Стајиќ и Николовски намалија на шест негатива, 74:80. Карпош Соколи на крајот победи со 78:90.

Зековиќ со 18 поени го предводеше Карпош Соколи. Пери додаде 17, Трајковски 15, Лабовиќ 13, Шепа 12, а Мавра 11 поени. Николовски беше најефикасен во тимот на Фени со 18 поени. Пантиќ постигна 14 поени.