Суарез почна да крши и грб – Настрада поранешниот фудбалер на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Несреќниот Езекил Гарај беше жртва на Луис Суарез на Камп Ноу.

Постои оној израз во фудбалот „да му го скршиш на некого грбот“ после добар дриблинг. Е такво нешто се случи вечерва на стадионот Камп Ноу, а во главна улога беа Луис Суарез и Езекил Гарај.

Се играше 14-та минута кога Луис Суарез побегна по левата страна, го издрибла несреќниот Гарај, но во продолжението од акцијата Меси не успеа да постигне погодок.

Гарај кој е поранешен фудбалер на Реал Мадрид остана да лежи на тревата поради болки.