Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел победи на ГН на Австралија возена на Алберт Парк.
На второто место заврши Луис Хамилтон од Мерцедес, а на третото тимскиот колега на британецот, Валтери Ботас.
Првата трка оваа сезона ја обележа фантастичното возење на германецот, но и тактичката грешка на Мерцедес кој го повика Хамилтон многу порано пред останатите ривали. Британецот стартуваше од пол позиција, имаше водство од околу една секунда во однос на Фетел се до заменувањето на новите пневматици. За разлика од него Фетел остана уште неколку круга на патеката. Иако трикратниот шампион во некои моменти беше побрз од возачот на Ферари, до крајот на трката не доби ниту најмала шанса да го загрози.
Борбата за последното место на подиумот немаше бидејќи беше решена во првата кривина. Ботас тогаш успеа да го задржи зад себе Кими Раиконен кој возеше осамена трка на четвртата позиција.
На петата позиција заврши Макс Ферстапен. Зад најдобрите петмина беше видена голема борба, а најдобар од останатите беше повратникот во Ф1, Фелипе Маса пред возачот на Форс Индија, Серхио Перес. Карлос Сајнц Јуниор заврши на осмата позиција пред својот тимски колега Даниел Квјат, а последниот бод замина во рацете на Себастијан Окон од Форс Индија.
До целта на отворањето на сезоната стигнаа уште двајца возачи, дебитантот Андреа Џовинаци и Штофел Вандорн.
Трката не ја завршија, Фернандо Алонсо, Кевин Магнусен, Ленс Штрол, Даниел Рикиардо, Маркус Ериксон, Џолион Палмер и Роман Грожан.