„Наредната сезона ќе играм за Торино“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Андреа Белоти е еден од најдобрите напаѓачи во Серија А оваа сезона и стана мета на големите европски великани.

Белоти е моментално најдобар стрелец со 22 погодоци на 26 натпревари, а има и 4 асистенции.

Белоти пред некој месец го продолжи договорот со Торино до 2021 година. Во новиот договор неговата откупна клаузла изнесува дури 100 милиони евра.

Иако има бројни понуди, по се изгледа дека Белоти нема намера да си оди од Торино.

„Секако дека останувам во Торино. Можам уште сега со сигурност да потврдам дека и наредната сезона ќе играм за Торино. Сакам навивачите да знаат дека дефинитивно останувам“ – вели Белоти