Барса во ист ден го завршува и третото големо засилување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонците дефинитивно го дигнаа гласот, после Самуел Умтити, денеска завршија уште едно засилување.

Имено, каталонската телевизија ТВ 3 која често има прва проверена информација, потврди денеска попладне дека нов член на Барселона ќе биде Лукас Диње, а набрзо од свои извори истата вест ја потврдија и Спорт и Мундо депортиво.

Овој одличен, 22 годишен лев бек е член на Пари Сен Жермен, а во минатата сезона ја помина на позајмица во Рома и одигра на високо ниво поради што на себе привлече внимание на многу големи клубови.

Барселона не губеше време, потребен е и уште еден одличен лев бек со Жорди Алба, поради тоа Адријано дефинитивно заминува, и набрзо постигна договор со Диње.

Овој извор дури тврди дека зделката толку брзо ќе биде завршена што Диње ќе биде претставен веќе во четврток, ден пред Умтити кој денеска и официјално стана член на Каталонците.

Висината на трансферот не е познат, но на специјализираниот сајт Трансфермаркет неговата вредност е 12 милиони евра.

Диње потекна во Лил каде што играше се до 2013 година, а потоа да премине во ПСЖ за 15 милиони евра. Во минатата сезона ја помина на позајмица во Рома и одигра 39 натпревари и постигна три гола.

Да потсетиме, пред него и споменатиот Умтити, Барселона го доведе Денис Суарез за 3.5 милиони евра.