Има само 16 години, а веќе заигра за репрезентацијата на Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Момчето по име Дарко Чурлинов е голем талент, денеска го забележа своето деби за репрезентацијата на Македонија.

Шеснаесетгодишниот фудбалер на Келн Дарко Чурлинов од денеска е најмлад играч кој заигра за националната селекција на Македонија.

Чурлинов, кој според селекторот Игор Ангеловски е екстра талент, за нашата А репрезентација заигра со 16 години и осум месеци во пријателски натпревар во Белорусија.

Младиот фудбалкер, кој е член на репрезентацијата до 18 години, шанса за А селекцијата доби во 82 минута од натпреварот каде што Македонија ја победи Белорусија со 3:0.

Головите за нашата репрезентација ги постигнаа Стефан Спировски во 40 минута и капитенот Горан Пандев во 61 и 69 минута.