Дали ќе дојде до сензационална размена на релација Неапол – Лондон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оливие Жиру судејќи по се треба да тргне кон Неапол, додека во спротивна насока може напаѓачот на Наполи Гонзало Игуаин.

Агентот на овој Французин за медиумите во Англија ја потврди можната размена меѓу Арсенал и Наполи.

„Оливие е моментално играч на Арсенал, но и напуштање на Лондон е можно, меѓутоа само во ситуација ако Жиру биде задоволен со пружените услови“, рече Мануело.

Неофицијално, Жиру е задоволен со тоа што му нуди Наполи, со тоа што Арсенал по него треба да испрати и 30 милиони доколку сакаат Игуаин да дојде во Лондон.