Легенда се враќа во Мадрид?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, поранешниот ас на мадридски  Реал и еден од најзабележителните играчи во историјата на клубот може наскоро да се врати на Бернабе.

Почна во младинската селекција на Атлетико, но повикот на Реал не можеше да се одбие и се испостави дека не погреши.

Раул Гонзалес во 1994 година по прв пат го облече дресот на Галактикосите, а во наредните 16 години со своето име остави длабоко врежани букви во историјата на кралскиот клуб.

Одигра 741 натпревари во дресот на Реал, постигна 323 голови, Примера ја освои во шест наврати, Лигата на шампионите во три.

После Реал играше во Шалке, катарски Ал Сад и Њујорк Космос, каде што и ја заврши својата играчка кариера.

Сега после седум години може да се врати во Мадрид и да преземе улога блиска до претседателот Флорентино Перез.

„Ако се вратам во Шпанија, тоа ќе го направам за да работам за Реал Мадрид. Моментално работам за Ла Лига, но јас сум навивач на Мадрид. Се надевам дека во иднина ќе имам шанса да работам за клубот кој го сакам, Реал Мадрид“, изјави Раул во интервју за шпанската радио станица „Ел Трансистор“.