„Игуаин замина како крадец“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гонзало Игуаин утре вечер повторно ќе игра на Сан Паоло во Наполи против својот поранешен тим и тоа е главна тема на медиумите како во Италија така и во светот.

Навивачи сигурно ќе излезат со секакви транспаренти и слично, а Канаваро вели дека треба да го гледаат како секој друг противник.

„Јас би го гледал како секој друг противник. Не треба да се грижиме за него, треба да се победи Јувентус. Не сакам да зборувам за заминувањето на Игуаин. Неговото заминување не е проблем, но требаше да застане пред навивачите и да каже дека заминува, а не да се искраде како крадец. Тоа е неприфатливо“ – вели Пауло Канаваро