Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Одличниот француски напаѓач, Антоан Гризман, преговарал со ПСЖ пред да потпише нов договор со Атлетико.
Гризман на 23 јуни го продолжи договорот со Атлетико, иако за него се интересираа голем број гиганти од Европа. Наводно блиску до негово доведување бил ПСЖ.
“Разговаравме со спортскиот директор на ПСЖ, Оливер Летанга. ПСЖ беше заинтересиран да го доведе Антоан. Ја слушнавме нивната понуда, сепак ПСЖ има голем проект. Но ние се одлучивме за Атлетико. Сепак, никогаш не се знае што може да се случи во иднина”– изјави агентот на Гризман.
Гризман беше најдобар играч на Европското првенство во Франција, но неговата репрезентација беше поразена во финалето од Португалија. Гризман на ова Европско првенство постигна шест погодоци.